Заштита на податоци

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштитата на личните податоци.

Лични податоци се информациите кои ве карактеризираат вас, на пр. Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска.
ТатаМата не собира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пр. кога нарачувате.
ТатаМата ќе ги употреби вашите лични податоци исклучиво за технички потреби за интернет страната, за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас. ТатаМата ниту ќе ги продаде вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот. Вработените во ТатаМата се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.
Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на ТатаМата.
Кога ќе се вклучите на интернет страната на ТатаМата, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страната) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата интернет страна и за да ја подобриме содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.
ТатаМата се грижи да ја овозможи безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап.
ТатаМата им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на ТатаМата без дозвола од нивните родители или старатели. ТатаМата никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.